Потребни состојки:
4 тиквички
2 млади компири
200 мл јогурт
60 г рендан пармезан
150 г чаден кашкавал
малку маслиново масло
магдонос
3 чешниња лук
сол и црн пипер
доматен сос по желба
Начин на подготовка:
Измијте ги тиквичките, исечете ги на тенки листови или на кругови и ставете ги во врела посолена вода да се сварат само 30-на секунди. Извадете ги и исцедете ги од водата. Тавчето за печење премачкајте го со маслиново масло. Најдолу наредете ги тиквичките. Врз нив ставете јогурт, па ситно исечкан димен кашкавал, ситно исечканиот лук и магдонос, изренданиот сварен млад компир. Повторно, врз нив, ред тиквички и останатите намирници. Редете додека имате од материјалот за готвење.
Сосема на крајот ставете го изренданиот пармезан, па зачинете по желба и додадете по желба доматен сос. Тавчето ставете да се пече 20 минути во претходно загреана рерна, на температура од 200 степени, додека пармезанот сосема не се расопи, а горниот дел стане малку крцкав. Сервирајте со препечен леб.