Потребни состојки:
1 кг. тиквички
1 лажица сол
маслиново масло
500 мл. вински оцет
малку лути пиперки
1 лажиче оригано
1 лажиче босилек
5-6 чешниња лук
магдонос
Начин на подготовка:
Се мијат тиквичките, се сечат на тркалца, се посолуваат, па се ставаат во цедалка за добро да се исцедат. Во длабок сад на загреарна рингла се мешат водата со оцетот, а кога течноста ќе проврие се додаваат тиквичките и се барат 2 минути. Се цедат и се ставаат да се исушат. Тиквички се редат на дното на теглата, па лук, потоа малку (лути) пиперки, оригано и босилек, магдонос, па малку масло. Постапката се повторува додека да се наполни теглата. Туршијата може да се јаде откако ќе отстои барем два дена. Се чува во ладилник и се јаде веднаш.