Тирамису со малини

Потребни состојки:

За кремот:
6 јајца
6 лажици шеќер во прав
450 г малини
500 г маскарпоне сирење
1 големо пакување пишкоти
300 мл сварено јако еспресо кафе
3 лажици мараскино ликер или рум

за чоколадниот крем:
200 мл павлака за готвење
100 г бело чоколадо
200 г црно чоколадо

Начин на подготовка:

Во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот во прав. Додадете го маскарпоне сирењето и измешајте убаво. Во друг сад изматете ги белките во густ шлаг и полека додадете ги во изматените жолчки. Полека измешајте со дрвена лажица. За чоколадниот крем загрејте ја павлаката за готвење и во неа растопете ги и белото и црното чоколадо. Оставете да се излади. Сварете го еспресото и додадете го мараскино ликерот или румот во него. Пишкотите натопете ги во кафете и наредете ги во тава. Над пишкотите нанесете го чоколадниот крем, а над него наредете ги малините. На крај целиот колач прекријте го со кремот од маскарпоне. Повторете ја истата постапка додека не ги потрошите сите состојки. На крај треба да завршите со кремот од маскарпоне. Колачот ставете го фрижидер да се излади и потоа исечете го на коцки и послужете.

Scroll to Top