Торта со алва и ореви

Потребни состојки за црн пандишпан: 5 јајца 5 лажици шеќер, 3 лажици какао, 2 лажици брашно, 2 лажици пециво

Потребни состојки за бел пандишпан: 3 белки 2 лажици брашно 2 лажици мелени ореви 1 лажичка пециво за фил 3 жолчки 500 гр млеко 5 лаж брашно 100 гр шеќер 1 ванила 200 гр путер 250 гр алва.

За црн пандишпан јајцата поделете ги на белки и жолчки. Белките матете ги со шеќер, а потоа додајте ги жолчките. Во изматените јајца додајте брашно, какао и пециво. Потоа полека промешајте. Во калап каде што печете истурете ја смесата и ставете да се пече. Печете на 200 степени, 25 минути.

За бел пандишпан јајцата поделете ги на белки и жолчки. Белките изматете ги со шеќер, додајте ораси, брашно и пециво. Пополека измешајте. Печете во истиот калап на 180 степени околу 25 минути.

 

Scroll to Top