Торта со пудинг што не се пече

Потребни состојки:

1 литар млеко
4 пудинзи од ванила
300 грама шеќер
250 грама путер
200 грама мелени бисквити
200 грама кокос
200 грама мелени ореви
шлаг за декорација (по желба)

Начин на подготовка:

Згответе четири пудинзи од ванила во 1 литар млеко. Пудингот оладете го и во него додајте путер кој пред тоа е измиксан со шеќер. Смесата поделете ја на три дела, така што во еден ќе додадете кокос, во друг мелени ореви, а во трет мелени бисквити. Додајте онолку состојки колку што ви се потребни пудингот да биде доволно цврст. Во калап за торта ставете ја прво смесата со бисквити, на неа смесата со кокос, а на крај со ореви. Тортата по желба украсете ја со шлаг. Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне, па послужете ја.

Scroll to Top