Потребни состојки:
2,5-3 кг листови од кисела зелка
800 гр јунешко месо
200 гр свинско мелено месо
150 гр чадена сланина
400 гр ориз
2-3 средни главици кромид
100 мл масло за готвење
1 лажичка сол
црн пипер
магдонос
3 лажички црвен пипер
7-8 лаворови ливчиња
Начин на подготовка:
Кромидот исечкајте го и пржете го додека да зацрвени. Додајте ги меленото месо и сланината, која претходно сте ја исечкале на мали парчиња. Ставете го оризот и пржете уште малку, па зачинете со црн и црвен пипер и сол по вкус. На крајот ставете го магдоносот. Свиткајте ги сармите и наредете ги во длабоко тенџере, а меѓу нив ставете го лаворот. Прелијте ги со жешка вода. Покријте го тенџерето со капак или со алуминиумска фолија и варете ги најмалку 2 часа.