Унгарски гулаш по оригинален рецепт

Потребни состојки:

800гр. телешки бут
3 главици кромид
2 моркова
2 црвени пиперки
300гр. пелати домати
1 кафено лажиче шеќер
2-3 ловорови листа
1 супена лажица црвен пипер
2-3 компири
2 телешки коцки за бујон
по потреба масло, сол, зачинал, мелен црн пипер, вода

За унгарскиот зачин:

50гр. чадена сланина
2 чешниња лук
1/2 врзалка магдонос
прстофат ким

Начин на подготовка:

Месото се сече на коцки. Може веднаш да се зачини со сол и останатите зачини и да се остави во фрижидер за да прими од зачините. Кромидот ситно се сечка. Морковот и пиперката се сечат на ситни коцки. Исто и доматите. Во тенџере на оган се налеваат 2 литра вода. Штом зоврие се додаваат коцките за супа. Во друго тенџере на малку масло се пржи месото. Во смесата се додаваат кромидот и морковот. Се пржи додека не омекнат малку и ја променат бојата. Се додаваат пиперките, па по една минута се додаваат доматите и шеќерот. Се зачинува со црвен пипер, па се меша додека пиперта се раствори. На крај се додаваат ловоровите листови. Се налева со бујонот од тенџерето, но само толку течност колку да се покријат состојките. Се вари на умерен оган во затворено тенџере. Повремено се долева од бујонот. Месото се вари додека не биде напола биде варено, по што се додаваат компирите исечени на коцки. Се вари додека не се готови месото и компирите, а повремено се долева бујонот.

Пред крај се додава унгарскиот зачин: ситно се сечка сланината, лукот, магдоносот и кимот и се убаво се меша да се соедини. По потреба се додава сол, зачинал и мелен црн пипер. Смесата треба да крчка уште 15-20 минути или додека сосот добие на густина.

Scroll to Top