Ванилиците се уште се омилениот зимски колач.
200 гр свинска маст
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер со портокал
1 жолчка
1 јајце
од 1 портокал-рендана кора и сок
500 гр брашно
2 ,5 гр пециво
100 гр сечкани ореви, лешници или бадеми
За валкање
по потреба шеќер во прав
Најпрво се мати маста со шеќерите, па се додаваат жолчката и јајцето. Се додаваат сокот и кората од портокал.
Па се додава брашното, пецивото и сечканите лешници и се меси со рака. Се добива меко тесто и се завиткува во фолија. Се става да одмори во фрижидер на час-два. На малку побрашнета подлога се отвора кора со дебелина од 0,5-1цм и се вадат форми.
Се печат во загреана рерна и тоа околу 15 мин., на 180 степени, внимаваме треба да останат бели.
Топли се валкаат во шеќер во прав.