Варени домашни кифли

Потребни состојки:

600 г брашно
200 мл млако млеко
200 мл топла вода
3 лажици сув квасец
2 лажици масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
70 г путер или маргарин

Начин на подготовка:

Во сад ставате го брашното и додајте ги стасаниот квасец со шеќерот и млекото. Додајте сол, путерот стопен и 2 лажици масло и топлата вода. Замесете го тестото и покриено оставете го да отстои 15 минути. Премесете го со малку брашно и пак оставете го да стои 15-20 минути, додека се дуплира смесата. Готовото тесто поделете го на 12 дела, секое обликувајте го во топка. Нека стојат 5 минути. Секоја топка расукајте ја што потенко и завиткајте ја во форма на кифла. Кифлите покријте ги да стојат. Во сад ставете еден литар вода и 1 лажичка шеќер и ставете ја смесата да проврие. Исуканите кифли ставајте ги една по една на 10 секунди. Потоа редете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути. Готовите кифли премачкајте ги со малку масло и посипете ги со шеќер во прав.

Scroll to Top