Потребно:
1 кг брашно
1 квасец (растопете го вода)
1 лажиче шеќер
3 лажичиња сол
По потреба
вода за варење (1-1,5л) и сусам за валкање (200-300гр)
Подготовка:
- Од брашното, зафатениот квасец, шеќерот, солта и млаката вода замесуваме средно тесто.
- Тестото го оставаме да поресне 30 минути.
- Тетсотосе дели на 30 (одприлика) топчиња и од секое правиме ѓевречина.
- Во тенџере на оган ставаме вода да врие. Во зовриената вода ги ставаме направените ѓевречина. Ги вариме додека не се кренат на површината.
- Секое ѓеврече го валкаме во сусам. Ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
- Ѓевречината ги печиме на 180 степени 15-20 .
- Кога ќе ги извадиме од рерна ги попрскуваме со вода и ги покриваме со крпа.