Варено вино по рецепт на Џејми Оливер

Испробајте го овој супер рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер.

Потребни состојки:

2 мандарини
1 лимон
1 зелен лимон
200 гр шеќер
6 каранфилчиња
1 стапче цимет
3 ловорови листови
1 мускатно оревче
1 стапче ванила
2 шишиња црвено вино
2 ѕвездички анис

Начин на подготовка:

Измијте ги лимонот, лиметата и мандарините, а потоа излупете ги. Ставете го шеќерот во поголемо тенџере, на средна температура, додадете ги парчињата кора од цитрусите и исцедете ги нивните сокови. Потоа додадете ги каранфилчињата, стапчето цимет и ловоровите листови и изрендајте малку мускатно оревче. Стапчето ванила пресечете го по должина, додадете го и ставете доволно вино за да го покрие шеќерот. Мешајте додека не се растопи шеќерот, а потоа зголемете ја температурата и оставете да врие околу 4-5 минути, додека не добиете смеса како густ сируп. На крајот, додадете ги ѕвездичките анис и остатокот од виното и на тивок оган гответе уште 5 минути. Виното служете го топло.

Scroll to Top