Во длабок сад ставаме еден килограм брашното и на средината правиме дупка и го ставаме квасецот.
Околу квасецот ги ставаме шеќерот и солта.
Потоа истураме полека од млаката вода и замесуваме тесто.
Измесеното тесто го покриваме и го оставаме да отстои 15-20 мин. или додека стаса или
нарасне. Откако ќе нарасне со рака откинуваме едно парче од тестото и го оформуваме и
ставаме да се пржи во претходно загреан зејтин.
Пржиме по 2-3 мин од едната и од другата страна.