Потребни состојки:
1,5 кг јагнешки бут, каре
3 лaжици масло
За филот:
2-3 лажици масло
1 главица кромид (ситно исечкана)
90 гр лебни трошки
2-3 лажици ореви сечкани
1 лажица свеж магдонос, исечкан на ситно
1 лажица босилек, ситно исечкан (свеж или сув)
сол
кора од 1 лимон (рендана)
1 јајце
Начин на подготовка:
Се пржи кромидот на неколку лажици масло. Се додаваат оревите и лебните трошки и зачините, кората од лимон и јајцето (изматено). Се меша за да се добие густа смеса.
Месото се сече тенко, во него се става филот и се врти во вид на ролат. Се врзува со конец по должината за да не се одвои за време на печењето. Месото се става во подмачкана и загреана тава. Се пече на 200 степени додека не порумени од сите страни.