Венец погача со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

750-800 г брашно
30 г свеж квасец
1 јајце
10 лажици масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
250 мл млако млеко
200 мл млака вода

Фил:

400-500 г исчистен спанаќ
250 г ситно сирење
1 белка и сол по вкус
1 жолчка за премачкување и сусам за наросување
125 г за премачкување

Начин на подготовка:

Од наведените состојки се замесува мазно тесто. Се покрива со крпа и се остава да одмора околу 20-30 минути. Стасаното тесто се префрла на набрашнета работна површина и со помош на оклагија се формира кора, се премачкува со омекнат маргарин, а потоа се сече кората во круг на неколку места како зраци. Се преклопуваат сечените делови кон средината и секој дел се премачкува со маргарин. Се остава во фрижидер да излади околу 10-тина минути.

За филот се обарува исчистениот спанаќ, а потоа се процедува и ситно се сечка. Се притиснува со раце за да остане што помалку течност во него. Во еден сад се става ситното сирење, па се додава спанаќот, сол по вкус и една белка. Се промешува.

Тестото се враќа на набрашнета површина и се формира правоаголна кора со должина од 70 см. Се премачкува со омекнат маргарин, а потоа рамномерно се нанесува филот. Кората се витка како ролат и нежно се притиска со рацете. Калап за печење бр.28 се премачкува со маргарин, па формираниот ролат се става во круг, ги соединуваат краевите и формира венец. Се покрива со крпа и се остава да стасува и да се удвои околу половина час. Жолчката се мати со малку млеко и масло, па со четка се премачкува венецот. Со нож се засекува на растојание од околу 4 см и длабочина 1,5 см. Се наросува со сусам и се остава уште 10 минути. Потоа се пече во загреана рерна на 200 степени околу 35-40 минути, а ако е потребно и повеќе. Топлата погача премачкајте ја со коцка путер и оставете да остине. Се послужува со јогурт или кисело млеко.

Scroll to Top