Потребни состојки:
2-3 чешниња лук
1 чинија леблебија (наут) од конзерва
1 лажица црвен пипер
1 цеден лимон
1/4 шолја таан
сол
маслиново масло
магдонос или буковка
Начин на подготовка:
Лукот и леблебијата од конзерва ставете ги во блендер. Мешајте за да добиете мазна смеса. Додадете го исцедениот лимон и повторно мешајте, па ставете ги црвениот пипер и таанот. Посолете по вкус.
Кога хумусот ќе биде готов, ставете го во чинија за сервирање, посипете го со малку маслиново масло и украсете го со ситно сечкан магдонос или буковка.