Потребни состојки:
150гр ореви (оставени во вода 12 часа, па измиени)
150гр свежи урми
50гр ситно сечкани лешници
2 лажици кокосово масло
2 лажици какао
За прелив:
6 лажици кокосово масло
1 лажива какао
2 лажици јаворов сируп (или мед)
Начин на подготовка:
Оревите кои претходно сте ги оставиле да отстојат во вода 12 часа, измијте ги и сомелете ги. Во нив додадете ги урмите, претходно излупени и без семки. Додадете ги лешниците, кокосовото масло и какаото. Замесете со раце. Ставете ја смесата во тава на хартија за печење, и потоа во фрижидер на 10 минути, додека го подготвите преливот. За преливот измешајте го кокосовото масло, какаото и избраниот засладувач (мед или јаворов сируп). Убаво измешајте додека се не соедини. Прелијте врз колачот. Може да наросите и мелени или сечкани лешници. Ставете го во фрижидер уште половина час, па послужете го.