Салатите во форма на оброк наоѓаат голема примена во многу режими за здрава исхрана. Покрај тоа што не бараат многу време за подготовка, здрави се и полни со боја и вкусови. Погледнете го овој едноставен рецепт за салата која е полна со комбинации од слатко-кисели вкусови и која навистина освежува.
Потребни состојки:
- 50 грама шеќер
- 50 милилитри вински оцет
- 2 супени лажици вода
- 225 грама исецкан ананас
- 1 исечена краставица
- 1 изрендан морков
- 50 грама исечен лук
- 1 марула
- 1 кафена лажичка сусам
Начин на подготовка:
Измешајте ги шеќерот, оцетот и водата во тава. Гответе додека не зоврие, а потоа на намален оган гответе уште 5 минути. Тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади. Во длабока чинија измешајте го целиот исечкан зеленчук, прелијте со сосот и добро промешајте.
Послужете со парче фета сирење и уживајте.