Зебра колач

Потребни состојки:

1 шолја гриз
1 кг пченично брашно
500 гр шеќер
2 јајца
2 шолји кисело млеко
3 лажици какао во прав
90 гр путер
1 лажица сода бикарбона
1 пакетче ванила
1 лажица сончогледово масло

Начин на подготовка:

Во сад ставете го киселото млеко, а потоа додадете го и гризот, содата и брашното и добро измешајте ги состојките. Оставете ја добиената смеса да отстои 20-30 минути, да набабри. Стопете го путерот и измешајте го со шеќерот, ванилата и јајцата. Добиената смеса измешајте ја со првата смеса. Поделете го тестото на 2 дела, при што во едниот дел ќе го додадете какаото во прав, па добро измешајте. Премачкајте го садот во кој ќе го печете колачот со сончогледовото масло. Потоа, исипете го тестото со различните бои во центарот на садот, како што е прикажано на фотографиите. По желба, со чепкалка за заби, направете форма на пајажина. Печете го колачот 35-40 минути, на температура од 200 степени.

Scroll to Top