Зелник со праз и сирење

Потребни состојки:

700 г брашно
¼ коцка квасец
300 мл топла вода
2 лажици масло
250 г маргарин
1 лажиче сол

Фил:

3 страка праз
200 г сирење
4 јајца
200 г кисела павлака

Начин на подготовка:

Во топлата вода се раствора малку квасец, се додава 1 прстофат шеќер, 2 лажици масло, па постепено се дотура брашното во кое сме додале сол. Се замесува меко тесто кое се дели на два дела. Едниот дел кој е малку поголем се развлекува како долна кора, а помалиот дел како горна кора. Првата кора се расукува и се премачкува со половина од маргаринот, па се витка како ролат. Истото се повторува и со вториот дел од тестото. Потоа кората се расукува и се развлекува над тепсијата, да паѓа од сите страни по малку. Врз кората се става филот, па се поклопува со другата кора која се реди малку со набори. Краевите од двете кори се спојуваат и се превиткуваат навнатре. Кората се попрскува со масло одозгора, па се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, додека да зарумени убаво.

Scroll to Top