10 супер продукти кои треба да ги јадете во есен

Го спречуваат ракот, го зајакнуваат имунитетот, ја лечат настинката – и се вистински рудник на драгоцените витамини и минерали за телото.

Есента е полна со зеленчук, овошје и семки кои делуваат како природна медицина. Еве 10 супер производи кои ќе ви помогнаѕ да избегнете многу сезонски болести!

Аронија

Таа е исклучително богат извор на витамини: Ц, П, Б2, фолна киселина – и многу други супстанци кои се драгоцени за телото. Плодовите се природни лекови против настинката и начинот на јакнење на имунитетот во есен и зема. Таа е исто така силна поддршка во борбата протиц многуте сериозни болести, како што е астеросклероза, хипертензија и неактивноста на стомакот.

Поради високото количство на антоцијан во себе, плодовите имаат појак ефект врз ѕидовте на крвите садови. Покрај тоа, помагаат при смалувањето на холесторолот, ослободуваат од стрес и напнатост, спречуваат воспаление на телото и имаат многу силни антиоксидантни својства. Плодовите се многу вкусни кога се сирови, а исто така се одлични и за конзервирање. Од нејзе обично се правиме сокови или тинктури.

Семки од тиква

Вистинска есенска суперхрана – воглавно поради своите антиканцерогени својства. Мастите кои се содржат во неа го инхибираат размножувањето на ќелиите на ракот или го зајакнуваат имунолошкиот систем, го спречуваат развојот на ракот. Семките од тиква исто така се богат извор на магнезиум (во 100 гр. има дури 550 мг. што одговара на 150% од дневните потреби!).

Нивниот недостаток може да предизвика главоболки, мигрени, анксиозност и депресија, но затоа есента и зимата се совршен начин за подобрување на расположението. Маслото од семките од тиква исто така се исклучително драгоцени за здравјето, што претставува сјајна подршка за црниот дроб и кардиоваскуларниот систем.

Кучешки трн

Се смета за едно од највредните билки на светот. Иако порано беше заборавено, сепак веќе неколку години е вистинска сензација, особено во есен и зима. Плодовите се најбогатиот природен извор на омега 7 масните киселини, кои го поддржуваат правилното функционирање на мозокот и го одложуваат процесот на стареење.

Има преку 190 биоактивни состојки, како што е витаминот Ц (кој содржи 10 пати повеќе од портокалот), Е, А, К, П, и Б витаминот, антиоксиданти, флавоноиди, провитамини и микроелементи (вклучувајќи цинк, калциум, железо). Плодовите од оваа едниствена билка може да се користат во правење сокови, конзервирање, тинктури, како и за коктели, супи и десерти.

Јаболки

Иако се малку потценети, јаболките се вистинска бомба од витамини и микроелементи кои се неопходни за нашето тело. Содржат пектин кој помага при детоксикацијата на телото и ја одржуваат правилно цревната флора. Поради високото количество на влакна и флавоноид, тие штитат од опстипација и други цревни болести (вклучувајќи го и колоректалниот карцином).

При тоа, содржат многу од витаминот Ц, благодарение на тоа што ефикасно ја спречуваат настинката и ја намалуваат појавата на респираторните инфекции.

Тивка

Вистинската кралица на есента. Можете да направите вкусни десерти, салати, супи и други јадења за вечера – пред сѐ, телото нуди многу поздрави состојки. Во тиквата содржи повеќе влакна отколку интегралниот леб, па благодарение на тоа помага при чистењето на цревата и дигестивниот тракт.

Тиквата исто така содржи комбинација на каратеноиди кои го смалуваат ризикот од рак, ја подобруваат бојата и изгледот на кожаѕа и прават кожата да е поотпорна на УВ-зраците. Каратеноидите и инхибаторите кои се содржани во тиквата се силни антиоксиданти. Тие можат да имаат значајно влијание врз намалувањето на ризикот од рак на белите дробови.

Ореви

Тие се богат извор на омега-3 полузаситени масти, кои имаат благотворно влијание врз нашето тело. Ја подобруваат еластичноста на крвните садови и протокот на крвтам помагаат при смалувањето на лошиот холесторол и имаат антикоагулантни ефекти.

Исто така сѐ почесто се вели дека фенолната и елагичната киселина во оревите имаат антиканцероген ефект. Оваа супстанца се врзува и ги неутрализира канцерогените ќелии. Оревите содржат Л-аргинин, кој влијае врз коронарната вазодилатација, што е исклучително важно во превенцијата на срцевите болести.

Црн бозел

Важи за едно од највредните билки во природната медицина. Инфузијата припремена на база на цветови или плодови имаат противвоспалително дејство, а благодарение на тоа овозможуваат брзо тргање на болестите кои се пропратени со грозница, кашлица и крвањето од нос.

Плодот исто така помогаат при зајакнувањето на имунитетот – и кај здравите луѓе и кај пациентите кои патат од повторувачки респираторни инфекции предизвикани од вирусите. Непроценливата е помошта при лечењето на состојбите слични на грип и симптоми на ринитис и синузитис. При тоа, го забрзуваат метаболизмот, се борат со слободните радикални, ублажувањето на болката и имаат диуретски ефект.

Кисела зелка

Природен извор на пробиотик, т.е. добри бактерии. Го обезбедуваат организмот со ацидо-базна рамнотежа, го олеснува варењето и ја зголемува апсорпцијата на витамини и минерали. Покрај тоа, го поттикнува производството на имуни ќелии, има противвосполители својства, го смалува нивото на холесторол и ја штити цревната микрофлора со антибиотски третмани.

Киселата зелка исто така е богат извор на витамините Ц и Б. Сокот од неа ги лечи чиревите на желудникот и болестите на зглобовите, а го спречува и отокот.

Лук

Според истражувањата, консумирањето 1-2 главички лук дневно во голема мера може да го смали ризикот од рак на желудникот, грлото на матката, градите или дебелото црево. Тоа воглавно се случува поради високото количество на моќните антиоксиданти кои помагаат во борбата против ќелиите на ракот.

Освен тоа, лукот ослободува алицин откако ќе се разбие ткивото (на пример, во случај на сечење или цедење),односно хемикалија која го спречува растот на канцерогените ќелии. Лукот е природен антибиотик, кој ефикасно се бори против инфекцијата на горните дишни патишта и е непроценлив во борбата против грипот и есенските настинки.

Ѓумбир

Има својства на загревање и чистење, што го прави да е природен лек против грипот, настинките, болките во грлото и затнатите синуси. Меѓутоа, тоа не е крај на неговите предности.

Ѓумбирот е исто така лек за разни видови болки (вклучувајќи ги менструалните, мускулните и болките во зглобовите). При тоа, помага при проблеми со варењето и надуеноста, ја подобрува циркулацијата на крвта и може да биде ефикасен лек за мачнините.

 

Scroll to Top