Алкохолот го продолжува животот

Американските научници тврдат дека за долг живот освен здрава исхрана и редовно вежбање, на организмот му треба и малку вино или пиво. Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Калифорнија и траело од 2003 до крајот на 2018 година.

Во овие 15 години биле испитувани дневните навики на 1.700 луѓе постари од 90 години. Истражувачите откриле дека кај оние што пиеле до 2 чаши пиво или вино дневно постоеле 18% помали шанси дека ќе доживеат рана смрт. Причината за поврзаноста на алхохолот со долгиот живот се уште не е откриена, но авторот на истражувањето, доктор Клаудија Кавас, вели дека умереното пиење алкохол сепак го продолжува животниот век.

Scroll to Top