Алкохолот се задржува во крвта до шест часа, а во косата и до 90 дена

Според американската мрежа на центри за лекување зависности, алкохолот може да се открие во крвта и шест часа откако сте пиеле, во здивот, урината и во плунката може да се задржи од 12 до 24 часа, а во косата се задржува и до 90 дена.

„Кога алкохолот ќе влезе во крвта, тој поминува низ црниот дроб, кој го разградува. За тоа е одговорен ензимот алкохол-дехидрогеназа. Количество на овој ензим во црниот дроб зависи од тоа колку често јадеме. Затоа ефектите на алкохолот ги чувствуваме многу побрзо ако пиеме на празен желудник, бидејќи тој подолго се задржува во крвта и посилно влијае на мозокот“, вели д-р Џорџ Куб, директорот на Националниот институт за злоупотреба на алкохол на САД.

Разградувањето на алкохолот различно трае кај секој поединец. Според Куб, на повеќето луѓе им треба еден час за да разградат околу 30 милилитри од пијачката.

„Просечното време потребно да се разгради една чаша вино е три часа. За половина литар пиво тоа изнесува два часа“, проценува Куб.

 

Scroll to Top