Без шминка месец дена – како вашата кожа тоа го поднесува

Повеќето припаднички на понежниот пол се уверени дека изгледаат совршено доколку се нашминкани.

Иако со помош на шминката можеме да ги прикриеме ситните несовршености и да ги истакнеме убавите црти на своето лице, истата всушност не дозволува нашата природна убавина да дојде до својот израз. Доколку во умерен облик се користи, шминката навистина може да го надополни вашиот изглед, меѓутоа секојдневното и долготрајно носење на истото, води до бројни проблеми со кожата – затоа што истата нема прилика да дише.

Во време кога ни е препорачана социјална дистанца поради општа сигурност и здравје, веројатно не се трудите многу дома да шетате со шминка на лицето. Дури и ако сте задолжени да работите од дома, доколку не мора да одговарате на видео повици, носењето шминка е навистина непотребно, нели? Во теорија, на вашата кожа повремено ѝ треба темелен одмор од козметички препарати кои ги користите за разубавување при одењето на работа и генерално за излегувања низ град. Скоро да не постои подобра можност тоа да го спроведете на дело, од оваа немила ситуација во која моментално се наоѓаме, а ја викаме пандемија на Ковид-19.

Ги слушнавме што стручњаците на полето на негата на лице и тело имаат да кажат, па ги пренесуваме нивните искуства.

Поминавте во просек месец дена без шминка – како го поднесе тоа вашата кожа?

Честата употреба на шминката, а особено пудрата и руменилото, го зголемува производството на масло. Односно во случаи кога ќе престанете да се шминкате, ќе се смали создавањето на маснотија, а со самото тоа и затнувањето на порите и појавата на акни. Меѓутоа, на вашата кожа ѝ е потребен одреден период да се навикне на вашата нова дневна рутина без шминка.

Иако повеќе не се шминката, вашата кожа бара темелно да ја исчистите и да ја хидрирате во овој период на прилагодување. Истата уште некое време ќе произведува поголема количина на маснотија, која може да ви создаде проблеми доколку не ѝ посветите доволно внимание. Како би биле сигурни дека на својата кожа ѝ ја нудите најдобрата можна нега, можете да употребувате салицилна киселина која доста ефикасно се бори со акните и со другите несовршености на лицето. Со употреба на истата, вашата кожа ќе биде почиста.

Нема да ви се допадне фактот дека на четкичките за шминкање и на самата палета со бои се задржуваат разни бактерии, но навистина е така. Со самото нанесување на шминката, се доведува до тоа вашата кожа повеќе да не е изложена на различни видови на бактерии кои можат да ја загрозат нејзината убавина. Исто така важно е дека кога повторно ќе почнете да се шминкате да водите грижа за чистотата на вашата палета за шминкање. Препорачливо и шминката да ја држите подалеку од купатилото, затоа што влажната средина посебно го поттикнува производството на бактерии.

Scroll to Top