Боровинки – идеално овошје во борба против стареењето

Боровинките – ова овошје со волшебна индиго боја е извор на витамин Ц, се користи како природен аспирин, а сè почесто се наоѓа во составот на производи за нега.

Познато е дека многу намирници имаат значајно место во индустријата за убавина, а еден од примерите се боровинките. Меѓу нивните главни адути се биофлавоноиди, супстанци кои се синтетизираат само во билките и се доста моќен антиоксидант. Познати се по антинфламаторните својства, а доста се корисни и за детоксикација. Кога се наоѓаат во кремите за лице, претставуваат одлична превентива за стареењето на кожата.

Антиоксиданти ги чуваат ќелиите од оксидантни оштетувања и забрзано стареење, кое е последица на делувањето на слободните радикали. Во препаратите наменети за проблематичната кожа, склони на воспаленија или акни, се ставаат флавоноиди затоа што го забрзуваат нејзиното заздравување. Делуваат така што го смалуваат производството на молекули кое придонесува за  развој на воспалителните состојби.

Боровинки содржат многу витамин Ц, кои одамна се користат во производите за нега благодарение на силниот антиејџ и антиоксидативниот ефект. Препаратите кои го содржат ја штитат кожата од флеки, значително ја подобруваат хидратацијата, а особено влијаат и на природната синтеза на колагенот, со што го забавуваат стареењето.

Маслото од боровинки често се користи во кремите и лосионите за бебиња, како и во препаратите за нега на телото. Нивната структура главно е богата, формулациите се хранливи и се наменети за сите типови кожа. Доколку кожата е иритирана, благодарение на нив брзо ќе се смири и ќе заздрави, а ќе го забави и нејзиното стареење.

Кога ќе се вратиме на почетокот на приказната, кога го спомнавме здравјето, ќе ве потсетиме на безброј пати повтореното тврдење дека една дланка боровинки е исто што и една дланка здравје. 100 грама овошје чија боја е така интензивна поради високата концентрација на антиоксидантни пигменти содржи само 57 калории.

Scroll to Top