Ботоксот не е штетен, но мора да се води сметка, вели српската докторка Марија Ристановиќ. Таа за српски „Курир“ го коментира случајот со Американката Татијана Резенде, на која откога ѝ ставиле инјекција со ботокс, ѝ се зголемило десното око.
Ристановиќ вели дека во овој случај докторот ѝ ставил ботокс на погрешно место. Таа ги видела нејзиното видео и фотографиите на „Тик-ток“ и го кажува своето стручно мислење и објаснува како доаѓа до вакви грешки.
@trphotographer Botox gone wrong#botox #botoxface #botoxfilter #botoxeye #droopyeye #droopyeyelids #droppyface #botoxprocedure #doctor #botoxclinic #fy #fypシ #viral ♬ original sound – Tatiana Rezende
„Ова што се случило со Татијана се случува само во два случаја. Доколку лекарот не аплицира ботокс во одреден мускул, во тој случај тоа е негова грешка и ако пациентот не се придржува до упатите што ги добива по направениот третман. Тогаш исклучиво е грешка на пациентот. Ние по третманот, им даваме упатства на пациентите затоа што ботоксот не дејствува веднаш, како, на пример, филерот, чиј ефект веднаш е забележлив“, рече Ристановиќ.
Пациентот, по третманот, шест часа не смее да спие. Во наредните неколку дена не смее да спие на страната во зоната каде што е направен ботоксот. Не смее да се врши никаков посилен притисок, масажа или вежбање за да не се дислоцира. Секој притисок на местото на кое е аплициран ботксот може да доведе до мигирирање и оттука може да настане тој несакан ефект, во овој случај кај Татијана тоа е окото“, рече Марија.
Иако многу се уплашени и ги откажуваат своите зафати по оваа снимка, доктор Ристановиќ вели дека нема причина за загриженост.
„Нема причина за каква било загриженост. Ботоксот не е штетен, но пациентите мора добро да поведат сметка кому ќе му се доверат да им ја направи операцијата. Мора да одат кај проверени доктори, кои имаат кредибилитет. Инаку, ботоксот е на последното место во естетската медицина како ризик. Многу време претходно тој се користел во неврологијата и во стоматологијата и нема причина да се пласира во јавноста дека е опасен и дека не треба да се изведува и дека тоа претставува нешто страшно“, рече Марија.
„Исто така, кога ваквите состојби ќе се случат, ние лекарите немаме голема можност да го отстраниме тој проблем. Како што попушта ботоксот, така се намалува и неговото дејство по примената, па во случајот со Американката постепено ќе се врати и функцијата на очниот капак“, рече Марија.