Чаеви со кои ќе ги намалите килограмите

Доколку сакате да се ослободите од вишокот течности во телото и да го забрзате слабеењето, сигурно ќе сакате да ги пробате овие чаеви кои го чистат телото од токсини, го поттикнуваат работењето на метаболизмот и ја намалуваат подуеноста.

Чај од корен од глуварче

Чајот од корен од глуварче го забрзува варењето на храната, го чисти црниот дроб и помага да ги отстраните штетните материи преку потта. Исто така ги прочистува дишните патишта и може да го намали нивото на холестерол.

 

Начин на подготовка:

Во топла вода ставете една лажица мелен сушен корен од глуварче. Оставете ја водата да зоврие, а потоа варете уште 10-тина минути на послаб оган. На крај процедете го чајот.

 

Чај од анасон

Веќе со години се знае дека анасонот е сојузник во битката против килограмите. Ова растение го поттикнува работењето на метаболизмот и го забрзува исфрлањето на токсините од организмот. Исто така го намалува чувството на глад и надуеноста.

 

Начин на подготовка

Во литар врела вода додајте 4 лажички семе од анасон и варете 5 минути. Тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете го да отстои 15 минути. Потоа процедете го чајот.

За да постигнете најдобри резултати, препорачливо е да пиете 2-3 шолји дневно од овие чаеви.

Scroll to Top