Чај кој помага во заздравувањето на белите дробови по прележан коронавирус

Пневмонијата е една од најчестите и најопасни последици од коронавирусот. Повеќето од оние кои прележале Ковид 19 се чувствуваат слаби и имаат потешкотии со дишењето месеци подоцна, како резултат на сериозното оштетување на белите дробови предизвикано од вирусот.

Покрај советите на лекарите, секој што имал корона треба да си го следи здравјето, добро е да се ублажи заболувањата со природни методи, билни чаеви, за кои е научно докажано дека помагаат при лекување и закрепнување.

Чајот направен од бозел, оман и плуќнак е идеална комбинација што им помага на белите дробови повторно да бидат во полна сила. Тој е една од најдобрите комбинации за заздравување на белите дробови по Ковид 19.

Бозелот и оманот имаат антивирусно дејство, но исто така имаат корисен ефект врз белите дробови и органите за дишење. Но за луѓе што имале хепатитис или цироза на црниот дроб плуќнакот се отстранува од комбинацијава, а наместо тоа се додава цветот од лопен, кој исто се користи за лекување на респираторни органи, бидејќи содржи слуз што ги обложува бронхиите и спречува непријатна сува кашлица. Ова растение помага и при кашлање.

Оман е уште еден народен лек против пневмонија, кашлица, бронхитис и алергиски ринитис. Изгледа како сончоглед, има жолти цветови и се препорачува на пушачите, луѓе со пневмонија, бронхитис и алергии. Оман содржи голема количина на инулин, затоа се препорачува за дијабетичари, но оние кои имаат нарушување на шеќерот во крвта и земаат лекови треба да бидат внимателен, затоа што кога оман е во комбинација со лекови може да даде спротивен ефект.

Подготовка:

Се земаат 50 грама од секое растение (бозел, оман и плуќнак), се мешаат заедно во еден поголем сад и се ставаат тегли, во кои мешавината ќе стои. Се истура  една лажица од оваа смеса во чаша врела вода и се остава да отстои 15 до 20 минути. Се процедува и се пијте топло, три до четири пати на ден, еден месец.

Scroll to Top