Чај од кромид е најдобриот лек против кашлица

Сирупот од кромид е природен лек што помага при кашлање, течење од носот, воспаление на грло и многу други болести. Многу едноставно се подготвува, евтин е, здрав и може да се даде и на мали деца и на возрасни. Се дава првенствено за кашлање и болки во грлото. При кашлање, ја намалува количината на слуз или спречува слузот да се формира. За да го подготвите ви требаат 1 поголема главица кромид и 2-3 лажици шеќер или мед. Исечете го кромидот на помали коцки и додадете го шеќерот или истурете го во медот. Оставете го покриен неколку часа. По 2-3 часа, исцедете 4-5 мл сируп. Најдобро е да правите нов сируп секој ден за да добиете што е можно повеќе вредни состојки. Користете 5 мл сируп 2-3 пати на ден.

 

Scroll to Top