Чај од кромид и мед против синуси

Еден од најефикасните домашни лекови за синуси се подготвува од кромид и мед. За да го подготвите овој чај ви требаат ½ чаша мед, ½ чаша сок од лимон, 5 до 7 ротквици, 1 мала главица црвен кромид и 6 чешниња лук. Добро измијте го зеленчукот па исечете го на четвртинки. Ставете сè во блендер и миксајте кратко додека да добиете изедначена смеса. Оваа смеса ставете ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер.

Се препорачува возрасни да пијат по 2 супени лажици дневно, една наутро една навечер, а децата максимум 2 мали лажички, една наутро една навечер.

Scroll to Top