Чај од липа против стрес и нервоза

Експертите велат дека чајот од липа ги намалува стресот и нервозата. Тој ќе се опушти и ќе ве реласира. За да го подготвите, во вода што врие ставете неколку цветови од липа. Покријте го садот и оставете го да отстои 5 до 10 минути. Се препорачува да го пиете два пати дневно.

Чајот од липа е лек за многу болести. Ароматичниот пијалак е природен лек за смирување и опуштање, ги зајакнува одбранбените сили на организмот, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, а се користи и за намалување на температурата. Жените треба да пијат чај од липа во текот на менопаузата за да ги намалат нервозата и проблемите со несоницата.

Липата влијае и против формирање наслаги во крвните садови, а благотворно влијае на проширувањето на крвните садови, со што се намалува ризикот од срцев удар. Липата се препорачува и за проблеми со црниот дроб, и тоа не цветот, туку внатрешниот дел на кората, бидејќи го стимулира лачењето и протокот на жолчка низ црниот дроб, па така ја чисти и обновува на природен начин.

Истовремено, чајот од липа го намалува крвниот притисок, ги ублажува болките при мокрењето, го стимулира потењето и мокрењето, лечи од анемија, ги чисти крвта и бубрезите, лечи од хронично и грчевито кашлање, го спречува воспалението на белите дробови и душникот и друго.

 

Scroll to Top