Чај од оригано ги чисти белите дробови

Проблемите со дишните органи, како што се алергии, астма, штетни микроорганизми, па дури и вдишување на различни загадувачи, може да ги намалите со чај од оригано. Тој, велат нутриционистите, ги чисти белите дробови од слуз, прашина и бактерии. Органското оригано е природно богато со карвакрол, флавоноиди и терпени – сите тие се природни антихистаминици кои ја подобруваат работата на организмот.

Чајот од оригано можете да го приготвите од свежи или суви листови од оригано. Потребни се 1 ½ лажичка оригано, 1-2 лажици мед и 1 шолја вода. Чајот се пие двапати дневно, наутро и навечер.

Scroll to Top