Чај што го регулира шеќерот и уште 10 болести

Експертите велат дека листот од смоква одамна лекува бронхитис, брадавици, цироза на црн дроб, висок притисок, кожни проблеми и чирови. Но, листот од смоква е исклучително добар и за дијабетес. Обично се пие како чај и се конзумира наутро. Листовите од смоква се сушат, па две чајни лажички сува билка се прелеваат со 200 мл жешка вода. Чајот се остава да отстои 10-15 минути, па се пее, секое утро, по една шолја со појадокот.

Листот од смоква изобилува со минерали, витамини, влакна и антиоксиданти, кои можат да го подобрат целокупното здравје.

Тој има антиканцерогени и антидијабетични својства кои ги регулираат инсулинот и холестеролот во крвта, спречуваат дијабетес и ја намалуваат инсулинската резистенција. На луѓето што имаат дијабетес им се советува да пијат чај од смоква.

Листот од смоква е добар и за регулирање на новото на триглицериди, односно мастите во телото. Триглицеридите се клучни за нормално функционирање на голем број органи во телото, но ако се таложат во ткивата, може да предизвикаат сериозни здравствени проблеми – зголемен ризик од срцеви заболувања и дебелина. Со чај од лист од смоква се спречуваат и чиреви.

 

Scroll to Top