Чај за слабеење од три состојки

Според нутриционистите, можете да го намалите обемот на стомакот и колковите ако секој ден пиете три филџани зелен чај со цимет и ловоров лист. Сварете 800 мл вода, тргнете ја од оганот и додадете едно стапче цимет, три ловорови листови и една лажица сушен зелен чај. Поклопете го садот и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете го и пијте го ладен.

Овој чај ја забрзува работата на метаболизмот, па препорачливо е да го пиете наутро, веднаш по будењето. Испијте ја првата шолја на празен желудник. Втората шолја испијте ја по појадокот, а третата навечер пред спиење.

Првите резултати се видливи по една недела. Сите три состојки од овој чај одлично ги согоруваат мастите и го забрзуваат метаболизмот. Нутриционистите додаваат дека нема да ослабете само ако го пиете чајот, туку дека мора да внимавате на исхраната. Не мора да држите диета, ама исхраната мора да биде врамнотежена. Препорачлива е и физичка активност.

Scroll to Top