Чајот подготвен од три состојки: зелен чај, цимет и ловоров лист, е вистински хит во светот, тврдат нутриционистите. Се пие три пати дневно и за кратко време можете да намалите до 8 сантиметри на струкот, додаваат тие.
За да го подготвите, зовријте 800 мл вода, тргнете ја на страна, додајте 1 лажица цимет, 3 ловорови листа и рамна голема лажица зелен чај. Поклопете го чајот и оставете го да отстои 15 минути, па процедете го. Се препорачува првата чаша да ја испиете на празен стомак, втората веднаш по појадокот, а третата навечер пред да си легнете.
Првите резултати се видливи по 7 дена, бидејќи овој напиток согорува масти и го забрзува метаболизмот. Сепак, нутриционистите препорачуваат да се избалансира храната и физичка активност. Чајот не се препорачува на бремени жени и на доилки.