Четири домашни лекови за болно грло

Од болката во грлото можете лесно да се ослободите и на природен начин, со природни лекови што можете да ги подготвите дома.

Чај од камилица

Овој чај не само што помага да се смирите и полесно да заспиете, има и анти-воспалителни својства. Антиоксидансите и другите состојки на овој чај имаат смирувачки ефект ако почнете да го пиете кога ќе ги почувствувате првите симптоми на болка во грлото. Овој чај не содржи многу кофеин, па можете да го пиете и навечер без никаков проблем. Во чајот можете да додадете и малку мед.

Мед

Медот е домашен лек против многу голести, благодарение на антибактериските својства кои го намалуваат воспалението. Кога јадете мед, тенок слој од него останува „залепен“ на грлото, со што се намалува иритацијата додека ја голтате храната.

Лимон со топла вода

Освен што овој пијалак помага во намалување на килограмите, може да ви помогне да се ослободите од симптомите на настинка и грип. Лимонот има антибактериско и антивирусно дејство, а добар е и за имунолошкиот систем. Тој создава кисела средина во грлото, поради што е тешко да се задржат вирусите и бактериите.

Солена вода

Гаргарата со солена вода може да го ублажи отокот во грлото и да ги „убие“ бактериите. Измешајте половина лажичка сол во чаша вода и правете гаргара една до две минути. Внимавајте да не ја голтнете водата.

Scroll to Top