Детокс купка за опуштање и јакнење на имунитетот

Човечкиот организам е во голема мера е изложен на токсини. Штетните материи во нашето тело доспеваат преку храната, водата, воздухот кој го дишиме, но и преку апаратите кои ги користиме, особено доколку се заситени со одредени хемикалии. Нашиот организам има систем за детоксикација. Туука црниот дроб, кој отровите ги претвора во соединенија растворливи во вода, која потоа се излачува од оранизмот најчесто преку урината. Своја улога има и жолчката, но исто така и кожата – одредена количина токсини се исфрлаат преку потта.

Затоа допринос во чистењето на организмот можат да дадат и природните купки, кои ќе го стимулираат процесот на детоксикација, и ќе допринесат за зајакнување на имунитетот, како и комплетно опуштање кое ни е секако потребно.

Како да ја практикувате детокс купката сами дома, прочитајте во продолжение.

Комбинацијата која на прво место се предлага за детокс купката се етеричните масла и природните соли.

Етеричните масла се познати по своите благотворни својства, делуваат така што нѐ опуштаат, се користат за инхалација, потоа маслото од пеперминт на пример е познато по своето делување против главоболки и мигрена. Нането е исто така одлично и кога имате воспаление на мускулите, или проблем со болки во зглобовите, па ако ве мачат ваквите тегоби, тогаш во својата купка задолжително вклучете го и есенцијалното масло од пеперминт.

Кои уште етерични масла се здрави? Маслото од лаванда се препорачува за опуштање, од еукалиптус за настинки и проблем со синуси.

Хималајската сол – антигабична, антимикробна, антибактериска. Неизоставен дел од детокс купката. Исто така смирува и воспалителни процеси во зглобовите, како и на кожата, што е уште едно нејзино фантастично својство. Што е уште посебно важно да истакнеме? Химелајската сол е богата со магнезиум, кој е клучен за отпорноста на организмот.

Како да направите купка?

Сѐ што ви е потребно е една шолја хималајска сол, неколку капки етерично масло по желба или мешавина 2-3 масла по желба. Наполнете ја кадата со пријатно топла вода, додадете состојки, и уживајте во купката измеѓу 15 минути и половина час. Можно е повеќе да се потите во пределот на кожата на лицето затоа што се исфрлаат токсини.

Пожелно е купката да ја практикувате пред крајот на денот односно пред спиење.

Scroll to Top