Децата што се родени наесен се многу почувствителни на алергии на храна и на болестите што тие ги предизвикуваат, покажало истражување објавено во американскиот „Журнал за алергии и имунологија“. Алергиите најчесто се манифестираат во облик на сува кожа, но тоа може да премине и во друга форма, вели д-р Џесика Хуј од институтот Национално еврејско здравство, која го предводела истражувањето.
„Го испитуваме секое дете кое се лекува во нашата болница и дојдовме до заклучок дека родените наесен е многу поверојатно да го искусат она што се нарекува атописки марш. Сега се обидуваме да откриеме зошто е тоа така и веруваме дека тоа доаѓа само од бактериите на кожата“, рекла таа.
Атопискиот марш ја означува промената на обликот на алергија како што бебето расте. Во подоцнежните години, како реакции може да се јават чешање, црвенило на кожата, па дури и астма и треска.
Докторите веруваат дека спречување на атопискиот марш е можно со навлажнување на црвенилото на кожата на бебето со лосиони и водење сметка за храната која кај детето предизвикува алергии.
Кравјо млеко, јајца, пченица, глутен, соја, риба, школки, сусам и други семиња, како и кикиритки и ореви е храната што најчесто предизвикува алергии. Стручните лица велат дека сѐ ова не мора и не е препорачливо целосно да се исклучат овие намирници од исхраната, но да не се консумираат секојдневно, туку, на пример на секои три дена.