За да ослабете не морате да се ограничувате себеси и да се одрекувате од својата омилена храна. Тајната на здравото слабеење се наоѓа во количината на храна која ја внесувате во текот на денот.
Според најновите студии, докажано е дека во последно време проблемот со прејадување е сѐ поприсутен. Репортер ви предлага да ја примените оваа лесна метода која ќе ви помогне околу консумацијата на храна.
5 принципи на дланката
- Количината на храна која може да ја собере во две склопени дланки – количината на зеленчук што треба да ја изедете во текот на еден оброк.
- Предниот дел на тупаницата – количината на јаглехидрати која еден оброк треба ја да содржи (ориз, житарки, тестенини, леб)
- Отворена дланка (без прстите) – колкаво парче месо треба да изедете за еден оброк.
- Стисната тупаница – по обемот одговара на количината на овошје што треба да го консумирате дневно за одржување на доброто здравје.
- Горниот ред од показалецот – е количината на путер и други животински масти што можете да ги консумирате без да ѝ наштетите на вашата фигура.
Користењето на оваа метода е многу едноставно. Доволно е да запомните како изгледа количината на храна која можете да ја внесете во оброкот и да јадете 3-5 пати дневно.
На овој начин можете да јадете што и да посакате и притоа да слабеете – односно треба само да ја намалите количината на која се навикнале. Ова е корисно, не само за зачувувањена добрата форма и ослободувањето од масните наслаги, туку има и позитивен ефект врз целокупното здравје.