На состојбата на нашата кожа влијаат многу фактори. Возраста, климата и стресот се само неколку од нив. За да ги спречите проблемите со кожата неопходно е да почнете да се грижите за неа од рана возраст. Ова не значи дека треба да давате многу пари за скапи креми. Можете да го трансформирате вашето лице со само 2 состојки што се наоѓаат во вашиот фрижидер.
1. Домати и сода бикарбона
Употребете сочни и свежи домати. Оваа маска содржи многу витамини. Витаминот Б9 ги отстранува акните, витаминот А се справува со сувоста, витаминот К ја отстранува пигментацијата, витаминот Х и цинкот ги регенерираат клетките на кожата. Калиумот ја навлажнува, калциумот ја омекнува, а холинот ја подмладува кожата на лицето.
Начин на подготовка:
- Исцедете еден домат.
- Измешајте го со 2 лажици сода бикарбона.
- Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10 минути.
- Исплакнете со вода.
2. Авокадо и мед
Авокадото содржи калиум, калциум, натриум, фосфор, бакар, железо, магнезиум, цинк и витамин Е. Во комбинација со мед, авокадото ја негува кожата и ја прави поеластична.
Начин на подготовка:
- Направете пире од зрело авокадо.
- Измешајте го со една лажица мед.
- Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 минути.
- Исплакнете со вода.
3. Брашно и сок од компир
За блескава кожа, измешајте брашно со сок од компир. Брашното ќе ја отстрани мртвата кожа, а сокот од компир ќе ги намали митесерите.
Начин на подготовка:
- Измешајте сок од еден компир со 6 лажички брашно.
- Нежно втријте ја смесата на кожата.
- Оставете да делува 15 минути.
- Исплакнете со вода.
4. Краставица и куркума
Сите ги сакаат козметичките продукти со краставица. Таа ја навлажнува кожата и ги намалува порите. Куркумата е природен антисептик и универзален зачин за подмладување.
Начин на подготовка:
- Сомелете една краставица.
- Додајте 1 лажичка куркума.
- Нанесете ја смесата на кожата и оставете да делува 10-15 минути.
- Исплакнете со вода.
5. Сок од лимон и папаја
Папајата е моќен антиоксиданс поради високото количество витамин А. Покрај тоа помага во отстранување на мртвите клетки и ја подмладува кожата. Сокот од лимон е одличен за темните дамки на кожата и за изедначување на тенот.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица пире од папаја со 4 капки сок од лимон.
- Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 10-15 минути.
- Исплакнете со студена вода.
6. Зелен чај и алое вера
Зелениот чај ја подмладува кожата, ги отстранува акните и го спречува стареењето. Алое верата е исто добра за акните и ги израмнува брчките на лицето.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажичка зелен чај со 1 лажичка гел од алое вера.
- Оставете да делува на кожата 30 минути.
- Исплакнете со студена вода.
7. Кокосово масло и какао
Маската со какао е одлична за зачувување на младоста на кожата поради витаминот Б5. Исто така тоа создава ефект на лифтинг. Во комбинација со кокосово масло, оваа маска ја храни и влажни кожата и ги отстранува мртвите клетки.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица какао во прав со 1 лажичка кокосово масло.
- Оставете ја маската да делува на кожата 20 минути.
- Исплакнете со топла вода или со чај од камилица.
8. Леб и млеко
Во козметиката лебот се користи за лицето поради аминокиселините, Б витамините и ПП минералите. Маските со леб и млеко ги намалуваат брчките, ги отстрануваат митесерите, ги зајакнуваат капиларите на лицето и ги намалуваат воспаленијата.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица леб со 1 лажичка топло млеко.
- Направете паста од смесата.
- Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 15 минути.
- Исплакнете со вода.
9. Банана и овес
Оваа маска е одлична за сува и чувствителна кожа. Бананата содржи витамини А, Б и Ц и ја храни и навлажнува кожата. Овесот ги отстранува мртвите клетки.
Начин на подготовка:
- Измешајте 1 лажица овес со 1 лажица пире од банана.
- Нанесете на кожата и оставете да делува 20 минути.
- Исплакнете со топла вода.
10. Активен јаглен и желатин
Во желатинот има природен колаген кој лесно навлегува во кожата и ја прави еластична. Активниот јаглен ги суши и намалува порите и ја намалува појавата на акни и митесери.
Начин на подготовка:
- Растопете 1 лажичка желатин во топла вода.
- Додајте 1 таблета активен јаглен.
- Нанесете ја маската и почекајте 15 минути.
- Исплакнете со топла вода.
11. Белка од јајце и краставица
Оваа маска ќе направи вашата кожа да заблеска. Краставицата ќе ја исчисти кожата, а белката од јајце е одлична за мрсна кожа.
Начин на подготовка:
- Измешајте половина краставица со една изматена белка од јајце
- Нанесете ја смесата на лицето и почекајте 15 минути.
- Исплакнете со вода.