Домашен чај за топење на килограмите

Иако губењето килограми без правилна исхрана и тренинг е невозможно, сепак овој чај може значително да ви помогне во тоа. Исто така, тој е целосно природен и не постои ризик од негативни последици.

Ако сте решиле да се ослободите од вишокот килограми, време е да го вклучите циметот во својата исхрана, кој покрај тоа што ги топи маснотии, ја забрзува и работата на метаболизмот.

Циметот има голем број придобивки за организмот, а на врвот на листата е борбата со постојаните маснотии. Тој е силен согорувач. А исто така, добар е и за зајакнување на имунитетот и намалување на нивото на шеќер и холестеролот во крвта. Притоа го зголемува нивото на енергија, ја подобрува циркулацијата и го намалува гладот.

За подготовка на чајот, ќе ви биде потребно:

  • Чаша вода
  • Лажичка мед
  • Половина лимон
  • 1 стапче цимет

Лимонот и медот во комбинација со цимет даваат феноменални резултати во слабеењето.

Подготовка: 

Ставете стапче од цимет во вода и почекајте да зоврие. Потоа додадете мед и исцедете го лимонот. По желба може да додадете и малку ѓумбир или бибер за уште подобар ефект, по што тој е готов за консумирање. Пијте по една чаша на ден, најдобро би било наутро.

Scroll to Top