Домашен лек од ленено семе против тврда столица

Скоро и да не постои човек што барем еднаш во животот не се соочил со некој проблем поврзан со системот за варење. Ако подолг период имате тегоби, грчеви, надуеност и гасови, направете домашен лек од ленено семе кој е едноставен и ефикасно ги решава проблемите со мрзливите црева, нередовното одење во тоалет и хроничната тврда столица.

За ова ви се потребни 1 кафена лажичка ленено семе и 1 чаша минерална вода.

Навечер пред да легнете да спиете, сипете една рамна кафена лажица сирово ленено семе во чаша и прелијте го со минерална вода. Полека промешајте го и оставете го на собна температура до утрото. Потребно е да отстои барем осум часа. Утрото на празен желудник изедете ги зрната заедно со вода што останала, бидејќи лененото семе ќе ја впие скоро целата течност. Ако останало нешто малку, тоа ќе биде како желе.

Дозата е за еднократна употреба и се подготвува секој ден.

Ако сакате потполно да ги исчистите органите за варење, во втората недела од користењето на лененото семе, зголемете ја дозата на две кафени лажички, третата на три, а четвртата повторно намалете ја на две кафени лажички. Потоа продолжете со дозата од почеток, односно по една лажичка на ден.

Лекот нема никакви несакани ефекти, така што може да се зема неограничено време.

Scroll to Top