Домашен лек против главоболка

Домашниот лек против главоболка се прави од три состојки, а е подеднакво ефикасен како и апчињата. Лекот се прави од 500 гр. мед, 10 чешниња лук и неколку зрна бибер.

Излупете го лукот и секое чешне исечете го на половина. Ставете ги чешнињата лук во чиста тегла, додадете го медот и на крај зрната бибер. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои пет дена. Кога ќе ве заболи главата консумирајте по една лажица, но секојпат земајте и по едно зрно бибер и по едно парче лук од смесата.

Можете да го консумирате и кога немате главоболки. Земајте по една лажица наутро и навечер на празен стомак за да го подобрите имунитетот, да ги елминирате бактериите, да го поттикнете варењето и да го регулирате шеќерот.

Scroll to Top