Домашен лек против губење на косата

Во 1-2 л веќе зовриена вода ставете ги сувите листови од коприва. Веднаш потоа тргнете го садот од оганот и покријте го. Нека стои 2 часа.

Откако ќе поминат 2 часа, садот повторно загрејте го. Но, внимавајте да не дојде до повторно вриење. Кога ќе се загрее до температура пред вриење додајте ја камилицата.

Повторно тргнете го садот, поклопете го и оставете го повторно да стои 2 часа. Откако повторно ќе поминат 2 часа, процедете ја течноста, додајте го винскиот оцет и добро измешајте.

Начин на употреба: Секоја втора вечер мачкајте ја косата со овој природен лосион, добро масирајте ја пред да ја
измиете.

Scroll to Top