Домашен лек против забоболка

Ако ве боли заб, а не можете да посетите стоматолог, самите може да направите домашен, ефикасен лек што ќе ви помогне. Потребни ви се правот од каранфилче кој содржи еугенол (хемиско соединение што ја ублажува болката) и кокосово масло кое има антимикробни својства.

Во стаклен сад помешајте 1/2 лажица прав од каранфилче и 1/2 лажица кокосово масло. Направете паста. Користете четка за заби, па ставете ја пастата на забот што ве боли. Повторете ја оваа процедура 3 пати дневно и болката ќе исчезне.

Scroll to Top