Стареењето е природен процес од циклусот на вашиот живот. Иако го знаеме тоа, сакаме за подолго време да ја сочуваме убавината и младоста на кожата. Една од првите работи кои ги издава староста е кожата на рацете.
Секојдневното чистење на домот, студот, изложувањето на сонце. Сето ова влијае на изгледот на рацете. Затоа, освен секојдневното нанесување на креми е добро еднаш или два пати неделно, да правиме нежен пилинг.
Отстранете ги мртвите клетки од кожата и освежете ја кожата со природни состојки, така ќе имаме секогаш убави раце.
Што ќе ви биде потребно?
Во сад се комбинираат:
2 лажици кафеав шеќер
лажичка цимет
маслиново масло
Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на рацете. Нежно масирајте за 2-3 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
Ако е потребно нанесете хранлив крем.