Наместо да го зајакнувате имунитетот со хемиски супстанци, подгответе домашен сируп од ѓумбир. Ѓумбирот лекува артритис, хемороиди, му дава на организмот енергија и го зајакнува имунитетот. За да го подготвите сирупот потребни ви се 400 гр ѓумбир, 1 кг шеќер, 1,5 кг лимон и 2 л вода.
Коренот од ѓумбирот излупете го и изрендајте го, додадете го шеќерот, сипете вода и добро промешајте. Потоа исцедете го лимонот, промешајте, ставете ја смесата во шишиња и чувајте ја во фрижидер. Сирупот пијте го секојдневно разблажен со вода во размер по желба.