Домашен спреј против комарци

Со цел да се заштитите од комарците, но и од хемикалиите во купечките средства за заштита, направете
си домашен спреј против комарци.

Потребни состојки:

20 г свежи листови од босилок
10 капки есенцијално масло од босилок
120 мл зовриена вода
120 мл вотка

Во стаклен сад ставете ги листовите босилок, врз нив налејте ја зовриената вода. Оставете ги да отстојат 3-4 часа. Отстранете го босилокот стискајќи ги листовите за да се исцеди водата од нив. Налејте ја течноста во шише со пумпа за прскање, додајте ја вотката и протресете. Доколку сакате подобар мирис може да додадете масло од босилек.

За да се заштитите од убод на комарци напрскајте се по телото.

Scroll to Top