Домашен крем против целулит

Брзо и лесно сами може да си направите домашен крем против целулит. За овој крем потребни ви се само три состојки.

1/4 шолја крупно мелено кафе
3 лажички топла вода
2 лажички маслиново или бадемово масло

Измешајте го кафето со топлата вода. Оставете да стои 10-ина минути за да ја впие водата. Кога ќе добиете густа паста, додајте две лажици маслиново или бадемово масло и добро промешајте.

По секое туширање додека сте во бањата, нанесете ја мешавината на кожата. Со кружни движења со дланките или со крпа за туширање масирајте ги бедрата околу 5 минути. Потоа кожата исплакнете ја со млака вода. По потреба нанесете масло, млеко за тело или лосион. Постапката повторувајте ја 2 пати неделно.

Scroll to Top