Два симптоми кои се јавуваат кај децата кои имаат коронавирус

Научниците идентификуваа два симптоми на коронавирус, кои се јавуваат кај децата кои имаат коронавирус и чии родители треба многу да внимаваат, пишува „Мирор“.

Симптомите не се појавуваат на официјалната листа на симптоми, на британската Национална здравствена служба NHS, во која се наведени грозницата, кашлицата и губитокот на вкус и мирус.

Овие симптоми се наведени како главни знаци на инфекцијата. Спротивно на тоа, американскиот Центар за контрола на болести, веќе ги наведува и мачнината, повраќањето или дијарејата како можни симптоми.

Научниците од Универзитетот во Белфаст во Северна Ирска, тврдат дека тие се главни показатели на потенцијално смртоносниот вирус кај децата, но кашлицата не е толку веродостоен показател, кај децата, како што тоа е случај кај возрастните.

„Откривме дека дијарејата и повраќањето се симптоми кои ги пријавуваат некои деца и мислам дека е вредно да се додадат на листата на познатите симптоми“, вели доктор Том Ватерфилд.

Во студијата од Кралскиот Универзитет во Белфаст, учествувале околу 1000 деца, на просечна возраст од 10 години.

На децата им се направени комплетни серолошки тестови на крвта, за да се утврди дали некој од нив неодамна имал вирус.

Дури 68 деца, 6,9% од вкупниот број, имале антитела, покажуваат податоците medRkiv-а. Ниту еден од 68 испитаници, не се има сериозно заболено, ниту имало потреба да биде префрлен во болница.

Кога станува збор за симптомите, децата најчесто ги покажувале следните знаци. 31% од нив имале температура, 18% главоболка, 19% дигестивни проблеми, дијареја, повраќање и болки во стомакот.

Кај децата кои немале антитела, овие симптоми се јавуваат во 11, четири и три проценти од случаите.

„Во нашата група, дијарејата и повраќањето биле прецизни показатели, од на пример, кашлицата, па дури и промената во вкусот и мирисот“, изјавил доктор Том Вотерфилд, авторот на студијата.

„Ако навистина сакате да ја дијагностифицирате инфекцијата кај децата, обратете внимание на дијарејата и повраќањето, а не само на симптомите и дишните патишта“, додал тој.

Scroll to Top