Единствен симптом на коронавирусот кој може да ви остане до крајот на животот

Губењето на чувствата за мирис и вкус се симптоми на новиот вид коронавирус, од кој се заразени сè поголем број луѓе во светот.

„Најмногу ми недостига мирисот на мојот син кога ќе го бакнам, мирисот на телото на мојата жена“, изјавил Жан Мајкл Мејлард, кој боледува од аносмија, симптом што ги погодува сè поголем број заразени од коронавирус.

Аносмијата претставува губење на мирисот и се означува како невидлив хендикеп со кој психички е тешко да се живее и за кој нема лек. Не само што сè поголем број луѓе заразени од коронавирус се борат со аносмијата туку и се соочуваат со долготрајно губење на мирисот.

Како што пренесува „Хина“, аносмијата ги одзема сите мириси во животот.

„Тоа е вистинско мачење“, изјавил Мејлард, кој е претседател на француската група која овозможува поддршка на заболените преку здружението „Аносмија“.

Кога страдате од аносмија, тоа значи дека не можете да го почувствувате мирисот на свежото утринско кафе, свежо искосената трева или мирисот на сапун на кожата, објаснил Мајлард, кој го изгубил мирисот по доживеаната несреќа.

„Стануваш свесен за важноста на мирисот, дури кога ќе го изгубиш“, порачал тој.

Она што е многу важно е тоа што луѓето што боледуваат од недостиг на чувството за мирис не може да реагираат на опасностите што може да им се случат. Тие не може да го почувствуваат мирисот на дим ако во нивна близина има оган или, пак, испуштањето гас или неизмиената канта за ѓубре.

„Аносмијата влијае и на доживувањето на храната. Со губењето на мирисот не можеме да почувствуваме што сакаме да јадеме најмногу“, изјавил Алејн Кор, оториноларинголог во париската болница „Ротшлид“.

Тој додал дека хроничниот ринитис, дијабетесот, Алцхајмеровата или Паркинсоновата болест се само некои од причините за аносмија, а сега на таа листа се наоѓа и Ковид-19.

„Кога луѓето трајно ќе го изгубат чувството за мирис, забележуваат промени во квалитетот на животот. Кај нив се развива ниво на депресија, кое не смее да се занемери“, додал Кор.

Доколку таквата состојба потрае, треба да се побара стручна помош.

„Да се биде лишен од чувството за мирис, денес не претставува поголем проблем. Но, по два месеца, тоа станува проблем. По шест месеци, поединецот е целосно сам во стапица“, изјавил Мејлард.

Нема специфични терапии за лечење аносмија. Како што изјавил Кор, треба да се пронајде нејзината причина, а проблемот кај аносмијата поврзани со коронавирусот е тоа што лечењето на вирусната инфекција најчесто нема влијание на враќањето на чувството за мирис.

„Првите податоци покажуваат дека околу 80 % од пациентите со Ковид-19 закрепнуваат за помалку од еден месец, а често и побргу, за осум до десет дена“, истакнал Мејлард и додал дека  оваа болест може да ги уништи носните рецептори што го детектираат мирисот.

Сепак, добрата вест е што овие рецептори може да се регенерираат. Две болници во Париз, „Ротшилд“ и „Ларибоисиере“, направиле студија CovidORL, за аносимијата и тестирале разни начини на плакнење на носната шуплина.

Лечењето на база на кортизон се покажало ефикасно, напоменал Кор, а другиот пристап е повторно учење на мирисот.

Кор препорачал да се изберат пет мириси на продукти или зачини, како цимет и мајчина душица. Треба да се вдишат овие мириси и истовремено да се набљудуваат зачините или продуктите двапати дневно, по пет до 10 минути.

„Од март добивме стотина повици и имејлови на луѓе заразени од корона, кои побарале помош затоа што го изгубиле чувството за мирис“, изјавил Гарден.

Оваа програма минатата зима ја полагал Мејлард и успеал да запамети четири мириси, денес памети 10, а меѓу нив се мирисот на риба, цигари и есенцијално масло од роза.

„Успеав да пронајдам дури и парфем што можам да го помирисам“, порачал тој.

Scroll to Top